0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Солскјер: Нашиот следен чекор во развојот е освојување трофеј

Јунајтед, кој заврши на третото место во Премиер лигата, го победи ЛАСК Линц со 5:0 во првиот натпревар од осминафиналето на турнирот. Реваншот ќе се одигра утре без публика на „Олд Трафорд“.

Манчестер, 4 август 2020 (МИА) – Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер изјави дека следниот чекор во развојот на тимот ќе биде да се освои трофеј, бидејќи сакаат ветувачки да ја завршат сезоната и да ја освојат Лигата на Европа.

Јунајтед, кој заврши на третото место во Премиер лигата, го победи ЛАСК Линц со 5:0 во првиот натпревар од осминафиналето на турнирот. Реваншот ќе се одигра утре без публика на „Олд Трафорд“.

– Ние сме на четири натпревари од освојувањето на Лигата на Европа. Тимот се развива во текот на целата сезона, ние сме среќни за третото место, но следниот чекор е трофеј. Играчите сакаат да играат, тие не сакаат пауза. Не е лесно да се каже „нема да одморите“. Се надевам дека играчите сакаат да победуваат на начинот на кој сакам јас. За мене е важно што го рестартираме турнирот со играчи кои сакаат да победуваат и нема да имаат пауза, рече Солскјаер на конференцијата за печат на Интернет.

Англискиот тим ќе биде без дефанзивците Аксел Туанцебе и Лук Шо за реваншот, но Џеси Лингард се враќа во почетниот состав, откако го постигна својот прв гол во Премиер Лигата по 18 месеци во последниот натпревар против Лестер Сити.

– На Аксел ситуацијата почна да се влошува и мора да има операција на ногата. Тој ќе се врати на почетокот на септември. Исто е и со Лук. Тој треба да биде подготвен кога ќе започне новата кампања во Премиер лигата. Џеси ќе започне утре, но тимот нема да биде премногу различен од оној во првиот меч во март, изјави Солскјер.

Менаџерот додаде дека е воодушевен од настапот на дефанзивецот Крис Смолинг, кој се врати во клубот по една сезона на позајмица во Рома во Италија.

– Мислам дека Крис покажа во кариерата колку е вреден за нас. Оваа сезона беше добра за него и сега се врати, додаде Солскјер.

Таг
Back to top button
Close
Close