0_Спорт.ПорталФудбал

Солскјер: На Манчестер јунајтед му требаат 2-3 играчи за да го засили почетниот состав

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер побара две до три засилувања за да има тим конкурентен за високи цели следната сезона.

Манчестер, 27 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер побара две до три засилувања за да има тим конкурентен за високи цели следната сезона.

– Треба само да се подобриме. Добро се справивме оваа сезона, минавме низ тежок почеток без претходна сезона, губејќи три од првите шест натпревари. Притиснавме во Премиер лигата и се приближивме до врвот поблиску отколку што мислевме дека можеме. И стигнавме до финалето во Лига Европа, но овие финалиња мора да се добијат за сезоната да биде успешна.

Ние мора да напредуваме, да работиме подобро, потешко и попаметно. Но, за такво нешто потребни ни се двајца или тројца играчи за да го засилиме почетниот состав или дури и целата постава како целина. Ова е од суштинско значење за движење напред. Сигурен сум дека и нашите конкуренти сакаат да бидат подобри, истакна норвешкиот фудбалски стручњак.

Јунајтед сезоната во Премиер лигата ја заврши на втората позиција, а синоќа го загуби финалето во Лигата на Европа од Виљареал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close