0_Спорт.ПорталФудбал

Солскјер: Конкуренцијата во Премиер лигата сега е многу поголема отколку во мое време

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за нивото на конкуренција во англискиот шампионат.

Манчестер, 18 мај 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за нивото на конкуренција во англискиот шампионат.

– Сега конкуренцијата во Премиер лигата е многу поголема отколку во мое време. Сега од 3 до 5 екипи се борат за првите две места на табелата. Во изминатите неколку години овие позиции ги имаа истите тимови. Добро е што оваа сезона успеавме да ја смениме ситуацијата, го цитира „Гол“ Солскјер.

Вечер од 20 часот, Манчестер јунајтед ќе игра против Фулам во натпреварот од 37. коло во Премиер лигата. Манчестер јунајтед по 36 кола го зазема второто место во поредокот со освоени 70 бода. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close