0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Софија Кенин е новата шампионка на Австралија Опен

Поранешната бр.1 во светот, Мугуруза стигна до финалето како непоразена, а меѓу нејзините „жртви“ на патот кон мечот за титулата беа Елина Свитолина, Кики Бертенс, Анастасија Павлученкова и Симона Халеп.

Мелбурн, 1 февруари 2020 (МИА) – Рангираната под бр. 14, американската тенисерка Софија Кенин е новата шампионка на Австралија Опен. 21-годишната Американка со потекло од Москва направи импресивен пресврт во финалето со Гарбине Мугуруза и ја совлада поискусната Шпанка со 4:6, 6:2, 6:2. Така, таа стана најмладиот шампион во Мелбурн од 2008 година.

Поранешната бр.1 во светот, Мугуруза стигна до финалето како непоразена, а меѓу нејзините „жртви“ на патот кон мечот за титулата беа Елина Свитолина, Кики Бертенс, Анастасија Павлученкова и Симона Халеп.

Кенин, од друга страна, се справи со 15-годишното дете-чудо, Кори Гоф и лидерката на ВТА листата, Ешли Барти за да се пласира во финалето, а денес се поздрави со уште поимпресивна и важна победа.

Ова беше втор натпревар помеѓу Мугуруза и Кенин, откако Американката ја совлада Шпанката по втор пат, откако го стори тоа во првото коло на турнирот во Пекинг во септември 2019 година.

Таг
Back to top button
Close
Close