0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Социјалната служба го посети семејството Мемедови во Делчево

Општинската Комисија за социјална заштита во Делчево и невладината организација КХАМ заедно со претставници на Црвен крст и Здрвствен дом Делчево извршија увид за да ја утврдат фактичката состојба по изјавите од семејството Мемедови, кои имаат болно едномесечно бебе, дека не добиваат доволно грижа и помош од институциите.

Делчево, 17 февруари 2021 (МИА) – Општинската Комисија за социјална заштита во Делчево и невладината организација КХАМ заедно со претставници на Црвен крст и Здрвствен дом Делчево извршија увид за да ја утврдат фактичката состојба по изјавите од семејството Мемедови, кои имаат болно едномесечно бебе, дека не добиваат доволно грижа и помош од институциите.

-При посетата е утврдено дека тие се корисници на гарантиран минимален приход од над 8.000 денари, констатирано е дека бебето нема здравствена книшка и извод, а таткото е тешка здравствена состојба и поради тоа им е потребна помош. Од наша страна беше дадено правно описменување, односно информации кои им се потребни за издавање извод на детето. Вториот чекор е да добијат еднократна парична помош од 20 илјади денари од Центарот за социјални работи, кои треба да послужат за лекување на нивното едномесечно бебе, истакна Зоран Биковски од НВО „КХАМ“ Делчево.

Биковски додаде дека од извршениот увид, исто така, е констатирано дека не постојат услови за живеење во прифатилиштето во кое се сместени. Дополни дека ова семејство, кое еднаш одбило социјален стан, ќе има уште една шанса да добие стан, каде што привремено ќе бидат сместени.

-Ние ова го нарекуваме втора шанса. Сега Мемедови имаат повторно право да аплицираат за стан за станбено необезбедени луѓе, при што е потребно да ги поднесат сите потребни документи за аплицирање. Потребно е со семејството да се работи сеопфатно, да се лекува болниот родител, да се обезбедат услови за да можат да аплицираат за секоја помош, но и истовремено семејството да се грижи за нивните деца. Од друга страна, Центарот за социјални работи треба да покаже сериозен пристап, да им укажат психосоцијална поддршка и да ги следи во нивниот напредок, а ние како невладина организација заедно со Црвен крст, хуманитарно и понатаму ќе ги поддржуваме, додаде Биковски.

Поради немање соодветен простор за живеење, невладината организација апелираше помошта до Мемедови да се доставува во храна и облека.

-За поддршка со финансиски средства треба да се има сериозен пристап, затоа што тие мора наменски да се користат. Во однос на друга помош, како кревети или други нешта, во моментов тие нема каде да се сместат, посочија од НВО КХАМ.

Изразија надеж дека ќе се најде начин да му се помогне на семејството Мемедови кое, како што додадоа, мора да биде одговорно кон своите деца. Во прифатилиштето каде што Мемедови живеат со своите две деца веќе два дена се доставува помош во храна и облека. Помош на семејството во прехранбени пакети деновиве им беше доставена и од Општина Делчево. вс/хс/

 

 

Back to top button
Close
Close