Дописници МКДОпштински вести

„Социјална инклузија“ – регионален форум во Битола

Центарот за развој на пелагонискиот регион-ЦРППР со седиште во Битола, во рамки на „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, денеска одржа регионален форум на тема „Социјална инклузија“.

Битола, 4 февруари 2020 (МИА) – Центарот за развој на пелагонискиот регион-ЦРППР со седиште во Битола, во рамки на „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој финансиски е поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, денеска одржа регионален форум на тема „Социјална инклузија“.

На форумот во Битола учествуваа претставници на институции и здруженија на граѓани кои активно и секојдневно работаат во сферата на социјална инклузија, истакна Гого Видимче, раководител на ЦРППР-Битола.

Целта на форумите е заеднички со партиципативен пристап да се дефинираат и селектрираат најрелевантните проектни идеи и да се работи на нивно процесирање до апликации кои ќе бидат аплицирани во рамките на грантовата шема за инвестицски проекти. Тема на сесијата е „Социјална инклузија“ а буџетот што е одобрен за квалитетен проект ќе се движи до 100.000 евра. Ние знаеме дека унапредувањето на социјалниот развој не е можен без социјална инклузија и затоа на форумот учествуваат сите здруженија и институции кои работата во сферата на социјална инклузија, посочи Видимче.

Од ЦРППР информираа дека планираат четири регионални форуми, првите три, за идентификување и предлагање проектни идеи, а најдобрите ќе бидат преточени во проектни апликации. мт/аа/

Back to top button
Close
Close