0_Магазин.ПорталКујна

Сочни јунешки шницли

Интересна идеја за денешниот ручек...

Интересна идеја за денешниот ручек…

Потребно е:
околу 800 г јунешки шницли
200 мл бело вино
1 коцка за говедска супа растворена во 300 мл врела вода
200 мл слатка павлака
3-4 лажици ситно сечкан свеж магдонос
5-6 чешниња лук, ситно сечкани
сол, црн пипер
масло, за пржење
2 јајца
брашно
лебни трошки

Подготовка:
– Шницлите малку истолчете ги со дрвен чук. Посипете ги со сол и црн пипер и увалкајте ги прво во брашно, па во изматени јајца и на крај во лебни трошки. Ставете ги да се пржат во врело масло по неколку минути од двете страни.

– Во намастен огноотпорен сад за печење наредете еден ред шницли, одозгора полијте со вино и супа, посипете со сечкан магдонос и сечкано лукче. Одозгора наредете ги преостанатите шницли и повторете ја постапката.

– Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 Целзиусови степени околу 40 минути. Потоа тргнете ја фолијата, прелијте ги шницлите со слатката павлака и допечете ги уште 10-тина минути.

– Како прилог со овие превкусни сочни шницли може да сервирате сварен ориз или, пак, компири, потоа њоки или некој обарен зеленчук.

Напомена: Додека се печат шницлите не треба да се покриени сосема до горе со течност.

Таг
Back to top button
Close
Close