0_Македонија.ПорталПолитика

Собраниска делегација во официјална посета на Букурешт

Делегација од пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Романија, предводена од Панчо Минов, претседател на групата, а во чиј состав се и членовите Мерал Узеири-Ферати, Сашко Костов и Драган Данев од петти до осми овој месец е во официјална посета на Романија.

Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) – Делегација од пратеничка група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Романија, предводена од Панчо Минов, претседател на групата, а во чиј состав се и членовите Мерал Узеири-Ферати, Сашко Костов и Драган Данев од петти до осми овој месец е во официјална посета на Романија.

Како што соопшти собраниската прес-служба, нашата делегација во романскиот Парламент ќе рализира неколку средби, меѓу кои и со Алина Горгиу, потпретседател на Сенатот, Комисијата за надворешна политика и со Групата за соработка Романија – Северна Македонија.

На средбите, како што се наведува, ќе се разговара за развојот на меѓупарламентарната соработка меѓу двете пријателски земји, процесот на ЕУ интеграциите, како и за можностите за економска и друг вид соработка. мд/ац/

Back to top button
Close
Close