0_Македонија.ПорталПолитика

Собраниска делегација на редовна сесија на ПССЕ во Стразбур

Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во чиј состав се Бетиан Китев, Шпреса Хадри и Никола Попоски во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, од 26 до 31 јануари 2020 година, ќе учествуваат во првиот дел од редовната Сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се одржува во Стразбур, Франција.

Скопје, 24 јануари 2020 (МИА) – Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во чиј состав се Бетиан Китев, Шпреса Хадри и Никола Попоски во Парламентарното Собрание на Советот на Европа, од 26 до 31 јануари 2020 година, ќе учествуваат во првиот дел од редовната Сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа што се одржува во Стразбур, Франција.

Во текот на сесијата се очекуа ПС на СЕ да избере нов претседател, а на членовите да им се обратат претседателите на Грузија, Саломе Заурабичвили и на Република Молдавија, Игор Додон, грузискиот министер за надворешни работи и претседател на Комитетот на министрите, Давид Залкалиани, како и новоименуваниот генерален секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Во текот на сесијата, соопштија од собраниското Одделение за јавно информирање и односи со јавноста, седници ќе одржат и постојаните комитети на ПС на СЕ. цр/дма/

Back to top button
Close
Close