0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитика

Собранието в понеделник ќе ја продолжи расправата за ребалансот на Буџетот

Собранието ја заврши денешната расправа по Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на државниот Буџет за 2020 година, односно вториот ребаланс за годинава  кој според власта е потребен за справување со вториот бран од пандемијата со Ковид-19 и за ефектуриање на четвртиот пакет антикризни мерки во висина од 470 милиони евра. Расправата, како што кажа претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе продолжи в понеделник во 11 часот во рамки на 20-тата седница.

Back to top button
Close
Close