0_Web_Актуелно0_Web_Избор на уредникот0_Македонија.ПорталПолитика

Собранието ги усвои измените и дополнувањето на Законот за државјанство

Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство. За измените и дополнувањата вкупно гласаа 89 пратеници, од кои 57 „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“. Со измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето во сила на Законот.

Back to top button
Close
Close