0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Собранието ќе одржи две седници

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ги одржи продолженијата на 126-тата и 130-тата собраниска седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија по скратена постапка.

Скопје, 27 јануари 2020 (МИА) – Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ги одржи продолженијата на 126-тата и 130-тата собраниска седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија по скратена постапка.

Пратениците во рамки на 126-тата седница треба да ја разгледаат Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2020 година, како и повеќе закони по скратена постапка меѓу кои и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за спречување и заштита од дискриминација, на Законот за семејството, на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, на Законот за еднакви можности на жените и мажите, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.

На дневниот ред на седницата се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за вработување на инвалидни лица, на Законот за инвалидски организации, на Законот за употреба на знаковниот јазик, на Законот за волонтерството, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност,  и на Законот за заштита од вознемирување на работно место, сите по скратена постапка.

Во рамки на 130-тата седница, пак, треба да се разгледаат повеќе законски решенија меѓу кои и Предлог законите за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за финансирање на Проектот за администрирање на социјалното осигурување и за Проектот за модернизација на земјоделството, двата по скратена постапка.

Пред пратенците ќе бидат и предлог законите за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија, за субвенциониран студентски оброк, и за изменување на Законот за управување со отпад, сите по скратена постапка. вј/бак/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close