Дописници МКДОпштински вести

Собрани 64 крвни единици на првиот ден од летната акција за доброволно дарување крв во Велес

На денешниот прв ден на  летната акција за доброволно дарување на крв што  традиционално ја организира Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје собрани се 64 крвни единици.

Велес, 13 август 2020 (МИА) – На денешниот прв ден на  летната акција за доброволно дарување на крв што  традиционално ја организира Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје собрани се 64 крвни единици. Од нив 55 крводарители биле мажи,а девет жени,а четворица  за првпат дарувале крв и така влегле во Друштвото на хуманите,информира за МИА Орце Николов, секретар на ООЦК Велес.

-Задоволни сме од одзивот на доброволни дарители на крв со оглед на тоа што граѓаните се соочени со пандемијата на Ковид-19 и сите се загрижени за своето здравје.Но со ваквиот биланс на собрани крвни единици велешани како и многупати досега покажале дека се хумани и  дека мислат и за останатите и ја подаваат својата рака да даруваат крв и со тоа да спасат нечиј живот во опасност, потенцира Николов.

Инаку на првиот ден од ланската Летна акција за доброволно дарување на крв беа собрани за десет повеќе или 74 крвни единици.

За сите кои се заинтересирани  доброволно да даруваат дел од својата крв акцијата во Ликовниот салон во Велес продолжува утре од  7.30 до 14.30 часот. ад/ир

Back to top button
Close
Close