ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Собир на противници на епидемиските мерки во Берлин

Противници на рестриктивните мерки воведени за да се спречи ширењето на Ковид денеска се собираат на протестен марш во Берлин, а организаторите очекуваат дека на улиците на тој град ќе има околу 22.000 демонстранти.

Берлин, 29 август 2020 (МИА)Противници на рестриктивните мерки воведени за да се спречи ширењето на Ковид денеска се собираат на протестен марш во Берлин, а организаторите очекуваат дека на улиците на тој град ќе има околу 22.000 демонстранти.

Како што јави Би-Би-Си, сличен протест, со учество на противници за вакцинација и теоретичари на заговор, се случил пред неколку недели, но подоцна бил распуштен од полицијата затоа што, според властите, учесниците намерно ги игнорирале заштитните мерки како што се носење маски за лице и одржување безбедно физичко растојание.

Поради тоа, градските власти првично забранија нов протестен собир, но судот во Берлин застана на страната на организаторите, велејќи дека нема индиции дека демонстрантите намерно ќе ги игнорираат упатствата за задолжителна физичка оддалеченост.

Околу 3.000 полицајци ќе бидат распоредени на улиците на Берлин, а властите најавија дека протестниот марш ќе биде „скршен многу брзо“ доколку се прекршат правилата.

Во Германија, во последните неколку недели има зголемување на бројот на новозаразени случаи со коронавирусот, поради што властите стравуваат дека протестите можат да придонесат за ширење на заразата. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close