ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Собјанин: Во Москва е можно есенско влошување на епидемиолошката ситуција

Во текот на есента може да дојде до комплицирање на епидемиолошката состојба во Москва, пред се, поради почетокот на учебната година и враќањето на граѓаните од одмор, предупреди денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

Москва, 4 септември 2020 (МИА) – Во текот на есента може да дојде до комплицирање на епидемиолошката состојба во Москва, пред се, поради почетокот на учебната година и враќањето на граѓаните од одмор, предупреди денеска градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин.

„Пандемијата на коронавирусот се уште не е завршена, туку, уште повеќе, есенва може да се соочиме со влошување на состојбата. Децата тргнаа на училиште, студентите на универзитети и многу луѓе се вратија од своите колиби, и сето тоа ќе создаде услови за одредено зголемување на бројот на заразени “, напиша Собјанин на Интернет за градот што го раководи, а во кој епидемиолошката состојба во последните неколку недели значително се подобри.

Собјанин истакна дека помали, локални жаришта на вирусот се можни во некои компании, канцеларии и училишта, кои ќе мора да бидат затворени или да се префрлат на работа од дома, односно онлајн настава. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close