0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитикаПолитички партии

Со Уредба скратени четири милиони евра за исплата на политичките партии за 2020 година

Владата вечерва на предлог на Министерството за правда донесе Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со што четири милиони евра предвидени за политичните парти остануваат во буџетот, информираат од Министерство за правда.

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Владата вечерва на предлог на Министерството за правда донесе Уредба со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, со што четири милиони евра предвидени за политичните парти остануваат во буџетот, информираат од Министерство за правда.

– Наместо 0,15 проценти од буџетот, политичките партии ќе добијат само 0,04 проценти, или изразено во цифри, ако за финансирање на политичките партии годинава требаше да им бидат исплатени 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година, на партиите ќе треба да им бидат исплатени вкупно 71.480.556 денари, соопшти Министерств за правда.

Изразено во евра, околу четири милиони евра се скратени за исплата и ќе бидат пренаменети во буџетот за справување со последиците од пандемијата, а за политичките партии преостануваат нешто повеќе од милион евра кои ќе треба да биде распределени согласно законските прописи. оџ/лв/

Back to top button
Close
Close