Дописници МКДОпштество

Со „Светосавска радост“ одбележано завршувањето на школата за српски јазик

Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово вечерва ја организираше манифестацијата „Светосавска радост“. Повод беше одбележувањето на денот на Свети Сава и завршување на проектот „Школе српског језика“ (школа за српски јазик).

Тетово, 25 јануари 2020 (МИА) – Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ од Тетово
вечерва ја организираше манифестацијата „Светосавска радост“. Повод беше одбележувањето на
денот на Свети Сава и завршување на проектот „Школе српског језика“ (школа за српски јазик).

-Школата траеше шест месеци и овае крајната активност. Српскиот јазик го учеа 18 деца ученици на возраст од 10 до 15 години, со Нена Ристиќ Костовска професор по српски јазик и
литература од Скопје. Вечерашнава приредба е посветена и на Свети Сава, кој во Србија се
празнува и како школска слава. Воедно децата покажаа што научиле во текот на кратката учебна
година, изјави Соња Андонов, претседателка на Здружението на Срби и Македонци КУД „Бранко
Чајка“ од Тетово.

Осумнаесетте учесници во школата добија дипломи и комплети со книги на српски јазик.

– Децата изведоа драмските текстови, посветени на Свети Сава, а еден дел и од она што учеа.
Комплетите книги ги добија од врсници од Србија, собрани во акција за која беше задолжена Олга
Сабо од Институтот за српски јазик при Српската академија за наука и уметност, рече Андонов.

Проектот е кофинансиран со средства на Управата за соработка со дијаспората и Србите во
регионот при Министерството за надворешни работи на Република Србија и е поддржан од
Амбасадата на Република Србија во Република Северна Македонија.

Наредниот период активностите на Здружението се подготвување за настап на фолклорната
секција на здружението на манифестацијата „Денови на културата и традицијата на дијаспората
во Ниш“ која ќе се одржи во почетокот на февруари годинаба. На почетокот на месец март ќе
учествуваат на фолклорни средби на српската дијаспора во Инсбрук (Австрија) на традиционалната
Пролетна фолклоријада „Заиграј, запеј“.ас/са/

Back to top button
Close
Close