БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Со ребалансот 82 милиони евра за КОВИД програми, ќе се поддржува потрошувачката и економијата

Со донесениот ребаланс на Буџетот 82 милиони евра се предвидени за програми за Ковид-19, а кои ќе бидат насочен и преку разни програми за стимулирање на приватната потрошувачка, за поддршка на домашната економија и за приватниот сектор.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Со донесениот ребаланс на Буџетот, 82 милиони евра се предвидени за програми за Ковид-19, а кои ќе бидат насочен и преку разни програми за стимулирање на приватната потрошувачка, за поддршка на домашната економија и за приватниот сектор.

– Со оглед дека расходите се зголемени за 53 милиони евра, а вкупните алокации на  КОВИД програмите кај неколку буџетски корисници се во износ од 82 милиони евра, разликата од околу 30 милиони евра е резултат на кратења од сите буџетски корисници, а во голем дел како резултат на антикризните мерки во насока на забрана за непродуктивни трошења  како набавка на мебел, опрема и возила, односно се што суштински и директно не е поврзано со справување со здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, рече министерката на прес-конференцијата.

Како што појасни три милијарди денари или 50 милиони евра на КОВИД програмата во Влада за спроведување на таргетирани мерки за стимулирање на приватната потрошувачка на граѓаните со фокус на домашната економијата и поддршка на приватниот сектор и на работниците во фазата на опоравување на економијата. Со ова, според неа, вкупно на КОВИД програмата во Владата има 8,9 милијарди денари или околу 150 милиони евра.

Предвидени се 600 милиони на програма КОВИД во Министерство за економија наменети за мерки за поддршка на приватната потрошувачка на граѓаните и поддршка на домашниот маккедонски туристички сектор со постојните 95 милиони кои беа реалоцирани со одлуката за прераспределбата и сега оваа програма изнесува околу 12 милиони евра.

Триста и 50 милиони денари се за социјална заштита поврзано со ефектите од Ковид-19, 350 милиони денари за Фондот за здравство во рамки со антикризните мерки за зголемените потреби како резултат на КОВИД, финансирање на здравствено осигурување за ранливи групи, 300 милиони денари за Министерство за здравство за зајакнување на здравствените капацитети за откривање на болести преку обезбедување на техничка експертиза, лабораториска опрема и системи за откривање случаи во согласност со упатствата на СЗО и операционализација на дополнителни легла, 350 милиони денари во Министерство за образование на КОВИД програмата со цел поддршка на младите и студентите со фокус кон ИТ и дигитални вештини  и целата програма изнесува 405 милиони денари со напревени одредени реалокации од буџетот на МОН, 150 милиони денари за исплата на надомест за невработеност во Агенцијата за вработување и 60 милиони денари за национално кофинансирање за нова кредитна линија за фазата на опоравување и рестарт на македонската економија која ќе се спроведува преку Развојната банка на Северна Македонија, а со поддршка и средства од Европската Унија и кои би биле достапни од септември.

Министерката и заменик-министерката Елези посочија дека Владата ќе излезе и поконкретно ќе ги презентира мерките.

– Целта е вбризгување на средства за опоравување на економијата, за приватната и јавната потрошувачка.Пакетите ќе се реализираат преку министерствата и дали преку кредитни картички, ваучери или друг модел ќе соопшти Владата, рече Елези во одговор на новинарско прашање. скс/сп/

Back to top button
Close
Close