Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Со помош на куче трагач и рендген во контејнер со банани во Грција откриени 70 килограми кокаин

Царинските службеници од Независната управа за јавни приходи на Грција, со помош на рендген и куче трагач во контејнер со банани откриле и заплениле 70,5 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 1 август 2020 (МИА) – Царинските службеници од Независната управа за јавни приходи на Грција, со помош на рендген и куче трагач во контејнер со банани откриле и заплениле 70,5 килограми кокаин, јави дописничката на МИА од Атина.

Контејнерот што пристигнал од Јужна Америка, а бил наменет за земја од Западен Балкан, пријавил дека пренесува банани, но било одлучено рендгенски да се провери.

Откако системот открил сомнителен материјал, бил извршен и физички преглед со помош на кучето трагач Аксел и биле пронајдени 60 пакети кокаин, со вкупна тежина од 70,5 килограми.

Дрогата била внимателно скриени во контејнерот, во машините за ладење. ср/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close