0_Македонија.ПорталГраѓански сектор

Со подрршка од ИПА 2 се зајакнуваа капацитетите на граѓански организации и соработката со општините

Создавање правни и финансиски услови за граѓанските организации на локално ниво, поттикнување и развој на одржливи механизми за соработка меѓу граѓанското општество и и локалните власти, зајакнување на локалните капацитети на граѓанските организации со цел да станат значајна засегната страна во граѓанскиот дијалог и донесување одлуки на локално ниво, се целите на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ што во изминатите три години се спроведувал во повеќе градови во земјава.

Скопје, 22 јануари 2020 (МИА) – Создавање правни и финансиски услови за граѓанските организации на локално ниво, поттикнување и развој на одржливи механизми за соработка меѓу граѓанското општество и и локалните власти, зајакнување на локалните капацитети на граѓанските организации со цел да станат значајна засегната страна во граѓанскиот дијалог и донесување одлуки на локално ниво, се целите на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ што во изминатите три години се спроведувал во повеќе градови во земјава.

– Во рамки на проектот го зајакнавме граѓанскиот сектор на локално ниво, затоа што постојат пред се организции кои се регистрирани во Скопје и функционираат на централно ниво, а граѓанскиот центар во другите градови во републиката не е доволно развиен. Овозможивме и вмрежување на граѓанските организации на локално ниво, бидејќи увидовме дека голем дел од нив делуваат изолирано и во рамки на новната област, рече Ивана Петровска координатор на Проектот на денешната завршна конференција.

Таа додаде дека откако било увидено дека најголем дел од општините ги поддржуваат граѓанските организации на локално ниво и финансиски, но и преку друг вид поддршка, побарале да се развие стандардизација на поддршката, со цел, како што рече таа, тоа да се направи на најдобар начин и да даде посакувани ефекти врз локалното население.

Овој тригодишен проект го спроведуваа Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на Финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Евопското движење на Република Северна Македонија, со финансиска поддршка од Европската унија во рамките на ИПА 2 програмата за граѓански организации. сст/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close