Дописници МКДОпштински вести

Со пиштол ѝ се заканувал на медицинска сестра во тетовската болница

Дваесет и четиригодишник од Боговиње и неговиот татко се приведени во полиција затоа што вчера синот со пиштол ѝ се заканувал на медицинска сестра во тетовската болница. Настанот се случил на Гинеколошкото одделение, каде што медицинската сестра извршила наплата на болнички услуги што претходно ги користела неговата сопруга.

Тетово, 5 февруари 2020 (МИА) – Дваесет и четиригодишник од Боговиње и неговиот татко се приведени во полиција затоа што вчера синот со пиштол ѝ се заканувал на медицинска сестра во тетовската болница. Настанот се случил на Гинеколошкото одделение, каде што медицинската сестра извршила наплата на болнички услуги што претходно ги користела неговата сопруга.

– Полициски службеници на СВР Тетово вчера околу 12 часот и 45 минути ги лишиле од слобода Ф. Ш. (24) и А. Ш. (48), двајцата од тетовско Боговиње, откако 15 минути претходно во ходникот на Гинеколошкото одделение Ф. Ш. извадил пиштол и упатил закани кон медицинска сестра, соопшти Марјан Јосифовски од СВР Тетово.

Од 24-годишникот бил одземен гасен пиштол „екол алп“, калибар 9 милиметри со празна рамка. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвен соодветен поднесок. ас/дма/

Back to top button
Close
Close