Дописници МКДОпштински вести

Со пари од Биро за регионален развој ќе се реконструира улица во Демир Капија

Со пари од Биро за регионален развој ќе се реконструира улица во Демир Капија, информираа денеска од демиркаписката локална самоуправа.

Демир Капија, 21 јуни 2021 (МИА) – Со пари од Биро за регионален развој ќе се реконструира улица во Демир Капија, информираа денеска од демиркаписката локална самоуправа.
-Средства во висина од 6.930.492,00 денари и се доделени на општината Демир Капија од страна на Бирото за регионален развој,  за изградба на атмосферска канализација и реконструкција на улицата број 3 во демиркаписка општина. Реконструкцијата на оваа улица ќе ја подобри сообраќајната врска помеѓу левиот и десниот брег од река Бошавица и истовремено ќе придонесе поинтензиен сообраќај во овој дел од патната мрежа, појаснија од Општината.
Оттаму најавија и други проекти за во наредниот период. свд/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close