Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Со нож ранета бегалка од Авганистан во кампот Мориа на Лезбос

Во критична состојба се наоѓа 18-годишна годишна девојка од Авганистан откако била прободена со нож од нејзин сонародник во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, објавија локалните медиуми.

Атина, 20 јануари 2020 (МИА) – Во критична состојба се наоѓа 18-годишна годишна девојка од Авганистан откако била прободена со нож од нејзин сонародник во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, објавија локалните медиуми.

Според истите информации причините за инцидентот не се познати, полицијата го уапсила сторителот, а девојката со сериозни повреди во пределот на градите и стомакот била пренесена во болница, јави дописничката на МИА од Атина.

Ова е трет случај на инцидент со нож во Мориа од почетокот на годинава.

Во петокот, за време на расправија во бегалскиот камп, животот го загуби 20-годишен мигрант од Јемен, откако непознато лице го прободило до смрт со нож, а минатата седмица во болницата на островот, на повредите им подлегнало едно лице кое за Нова Година било прободено со нож. ср/

Back to top button
Close
Close