0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Со нов резервоар Радовиш го решава проблемот со водоснабдувањето

Во завршна фаза е резервоарот со кој ќе се обезбедува вода во текот на целата година за граѓаните во населба Куклевица во Радовиш, но и за целиот град, информира градоначалникот, Герасим Конзулов.

Радовиш, 23 јуни 2020 (МИА) – Во завршна фаза е резервоарот со кој ќе се обезбедува вода во текот на целата година за граѓаните во населба Куклевица во Радовиш, но и за целиот град, информира градоначалникот, Герасим Конзулов.

-Покрај резервоарот со капацитет од 600 метри кубни метри вода, заменети се 6.550 метри цевководи, од кои 4.800 метри се доводен цевковод, а 1.750 метри се дистрибутивен. Планираме на 30-ти овој месец да го предадемe во употреба новиот резервоар и со тоа решаваме долгогодишен проблем за сите граѓани на Радовиш, додаде градоначалникот Конзулов.

Изградбата на резeрвоарот е финансирана со кредит од германската „KFW Банка“ , a гарант е Општина Радовиш. рт/хс/

Back to top button
Close
Close