0_Web_АктуелноБалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Сојлу: Турција ја напуштиле 36.776 мигранти

До 21.02 часот по локално време преку Едрене нашата земја ја напуштиле 36.776 мигранти“, наведе Солју на Твитер, пренесе агенцијата Анадолија.

Анкара, 1 март 2020 (МИА) – Турција досега преку Едрене ја напуштиле 36.776 мигранти, соопшти синоќа турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Солју.

„До 21.02 часот по локално време преку Едрене нашата земја ја напуштиле 36.776 мигранти“, наведе Солју на Твитер, пренесе агенцијата Анадолија.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган претходно вчера изјави дека земјата и претходно предупредувала дека нема да може да го поднесе товарот на нов мигрантски бран и дека ќе мора да ги отвори границите доколку продолжи кризата и мигрантскиот бран од Сирија.

-Што кажавме пред неколку месеци? Кажавме дека ќе мораме да ја отвориме нашата граница доколку кризата продолжи. Се вознемирија, но не ни поверуваа. Што направивме вчера? Ја отворивме. До изутринава границата ја минаа приближно 18.000 мигранти, кажа вчера Ердоган.

Притоа тој порача дека ЕУ мора да ги оддржи ветувањата кои и ги дала на Турција во врска со помошта во соочувањето со мигрантската криза. сд/

Back to top button
Close
Close