
Атина, 1 јануари 2020 (МИА) – Со спектакуларно музичко шоу и огномет, илјадници Грци и туристи ја пречекаа новата година на плоштадот Синтагма во центарот на Атина, а на присутните им се обрати и атинскиот градоначалник Костас Бакојанис, јави дописничката на МИА од Атина.
Забавата на Синтагма започна во 22 часот со познати имиња од грчката музичка сцена, а кусо пред полноќ заедно со водителите одбројуваше и новиот градоначалник на Атина одбројуваа до
-Прегрнете се, така што во новата година никој да не биде сам, им порача Бакојанис на присутните пред да им ја честита новата година.
Точно на полноќ следеше и спектакуларен огномет, а забавата продолжи со позната грчка група Мелисес. ср/