0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитикаПолитички партии

Со измени на Уредбата на Владата, ДИК ќе може да определи друг соодветен простор за спроведување на гласањето

Владата на синоќешнта седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието со дополнителен член 5-а со кој се утврдува дека доколку не се исполнети просторните услови на просторијата во која е сместено гласачкото место или просторијата каде што треба да се спроведува гласањето, Државната изборна комисија (ДИК) може да определи друг соодветен простор што ги исполнува условите за спроведување на гласањето.

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Владата на синоќешнта седница донесе измени и дополнувања на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието со дополнителен член 5-а со кој се утврдува дека доколку не се исполнети просторните услови на просторијата во која е сместено гласачкото место или просторијата каде што треба да се спроведува гласањето, Државната изборна комисија (ДИК) може да определи друг соодветен простор што ги исполнува условите за спроведување на гласањето.
Тимови на ДИК, составени од членови и вработени во Комисијата, како и претседатели на општинските изборни комисии на територија на целата држава деновиве ги проверуваат просториите каде што се извршува гласање, се со цел обезбедување на содветните безбедносни и здравствени мерки за заштита од Ковид-19 за време на предвремените парламентарни избори на 15 јули.
Како што појаснуаат од Владата, со измените на оваа Уредба, се регулираат и правилата за платено политичко рекламирање за политичките партии, како и правилата за обврската на медиумите за бесплатно да ги емитуваат информативните и едукативните кампањи на ДИК, кои се определуваат во траење од 30 секунди на секој час.
Измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите, како што се наведува во соопштението, ги утврдува и правилата за распределбата на рекламниот простор на интернет порталите и во печатените медиуми наменет за платено политичко рекламирање, како и начинот и правилата за распределбата на финансиските средства за платено политичко рекламирање обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија согласно член 76-д од Изборниот законик. ев/са/

Back to top button
Close
Close