Дописници МКДКултура

Со изложба на карикатури продолжуваат културните настани во Делчево

Со изложба на карикатури „Алфа, Бета, Делта“ од карикатуристот Миро Георгиевски, продолжуваат културните настани во Делчево.

Делчево, 13 септември 2021 (МИА) – Со изложба на карикатури „Алфа, Бета, Делта“ од карикатуристот Миро Георгиевски, продолжуваат културните настани во Делчево.
Организатор на настанот е Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ од каде информираа дека на изложбата ќе бидат претставени карикатури на тема Ковид-19.
– Изложбата ќе биде отворена на ден 14.09.2021 година. Станува збор за изложба на карикатури на еден од најататрактивните македонски карикатуристи, Миро Георгиевски, карикатурист со освоени преку 200 награди, претежно добиени во странство, информираа од Центарот за култура.
Георгиевски на изложбата доаѓа како носител на наградата „Граѓанин на Европа“. Покрај со карикатура, авторот се занимава и со сликарство, а со свои дела се има претставено на преку 100 самостојни изложби.
Изложбата во Делчево ќе биде отворена во фоајето на Спомен домот „АСНОМ“ со почеток во 13 часот. вс/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close