Дописници МКДОпштински вести

Со години нема ниту еден исправен реквизит во единствениот парк со детско катче во Тетово

Речиси и да нема функционален реквизит во тетовскиот Жена парк единствено отворено место со зеленило и игралишта за деца, што беше обновен во 2017 година. При реконструкцијата на местото беше уредено зеленилото, поплочени патеки за движење, поставени детски игралишта и реквизити, урбана опрема и осветлување. По неколку години реквизитите се оштетени од страна на несовени поединци, но Општината не постави нови.

Тетово, 12 мај 2021 (МИА) – Речиси и да нема функционален реквизит во тетовскиот Жена парк единствено отворено место со зеленило и игралишта за деца, што беше обновен во 2017 година. При реконструкцијата на местото беше уредено зеленилото, поплочени патеки за движење, поставени детски игралишта и реквизити, урбана опрема и осветлување. По неколку години реквизитите се оштетени од страна на несовени поединци, но Општината не постави нови.

Имаше нишалки, лизгалки, клацкалки, дрвена куќичка и слични реквизити за детска забава, како и опрема за вежбање. Сега речиси сите се уништени или пак оставени да стојат нефункционални. Клупите за седење се оштетени, откако се искршени дел од даските, а и дел од корпите за отпадоци на пример го немаат дното, па се нефункционални.

Забележителен проблем е и нечистотијата поради несовесноста пред се кај младите.

-Во периодот кога не работеа кафулињата младите се собираа тука, немаше игла каде да фрлиш. Оставаа смет насекаде, од алкохол, стаклени и пластични шишиња и чаши, кеси и пакувања од чипсови, чоколади и слично. Тогаш луѓето со мали деца и пензионерите го избегнуваа местото поради многу врева и расфрални отпадоци. Сега се вратија редовните посетители родители со мали деца и пензионери, но сепак смет и отпадоци има и понатаму. Комуналните работници секое утро го собираат сметот од кантите, но проблем е што и понатаму се фрлаат отпадоци во тревата, вели Наташа, редовен посетител на паркот.

Во слична состојба е и соседниот скејт-парк што речиси и не се користи преку ден, освен за вечерни групирања на млади. Од Општина Тетово со најава дека ќе се работи на обнова на двете места.

Во моментов се расчистува и се доуредува Скејт паркот кој исто така за кратко време беше оштетен но овој пат ќе биде поставено осветлување. Ќе биде ставен под надзор и веднаш по негово  уредување ќе се премине на поставување на нови реквизити за детска игротека за која се надеваме дека ќе успееме да ја сочуваме овојпат и истата ќе ја користат тие за кои беше наменета и правата,а тоа се децата, информираат од канцеларијата за односи со јавноста при Општина Тетово.

Реконструкцијата на Жена паркот во 2017 чинеше 10 милиони денари или над 160 илјади евра. ас/рп/

Back to top button
Close
Close