Svet.SlajderДописници СветРепортажа

Со бројче и мерење температура влез во грчките цркви

Црквата што ја посети дописничката на МИА од Атина, согласно правилата може да прими до 50 верници, па така, беше ангажирана агенција за обезбедување, а двајцата вработени, на влезот, им мереа температура и им делеа бројчиња на верниците.

Атина, 17 мај 2020 (МИА) – Со утринска неделна свечена литургија, мегафони и звучници во дворовите, но и под посебни правила и прописи, црквите во Грција, рано утрово, по речиси два месеци, ги отворија вратите за верниците.

Мерење температура при влезот, бројче за контрола на бројот на верници, антисептици поставени на две места, маски, растојание од најмалку еден и пол метар, ограничен број слободни столчиња, се дел од „новините“ во новата „нормалност“ и новото секојдневие на верниците во Грција.

Црквата што ја посети дописничката на МИА од Атина, согласно правилата може да прими до 50 верници, па така, беше ангажирана агенција за обезбедување, а двајцата вработени, на влезот, им мереа температура и им делеа бројчиња на верниците.

Оние кои не успеаа да влезат, поради ограничениот број, трпеливо чекаа во дворот и преку звучниците ја слушаа литургијата.

Митрополитот од Соборниот храм „Света Софија“ во една атинска населба, во разговор со дописничката на МИА од Атина, вели дека сѐ поминало во најдобар ред, верниците ги почитувале правилата и прописите, но и тие како црква биле подготвени согласно правилата и прописите.

Маската во црквите не е задолжителна, туку постои силна препорака да се користи. Па така не носеа сите верници, туку само оние повозрасните, поради лична безбедност.

Прозорците и вратите во црквите се отворени за да има природно проветрување на просторот, додека пак поради ограничениот дозволен број на верници – еден на десет метри квадратни, не е дозволено користење на сите места за седење.

Во една атинска црква беше поставен и видео бим за верниците кои останаа во дворот да можат да ја следат литургијата.

Освен литургиите, од денеска дозволени се и религиозни обреди како што се венчавки, крштенки, погреби, а се отворија и останатите религиозни објекти во Грција.

Конкретните правила, согласно министерска одлука, потпишана од надлежните министри ќе биде во сила до 5 јуни.

Отворањето на црквите е вториот тест за Грците, по отворањето на плажите во однос на почитувањето на мерките и индивидуалната одговорност на секој граѓанин. ср/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close