0_Македонија.ПорталОпштествоОпштински вестиСкопје

Со акција за чистење, Општина Аеродром го одбележа Светскиот ден на животната средина

Вработените во администрацијата на Општина Аеродром денеска учествуваа во масовната акција за чистење по повод 5 Јуни, Денот на животната средина.

Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) – Вработените во администрацијата на Општина Аеродром денеска учествуваа во масовната акција за чистење по повод 5 Јуни, Денот на животната средина.

Од општинската прес-служба информираат дека во акцијата беа вклучени и работниците задолжени за одржување на хигиената во општината, а беше опфатен регионот околу Реонски центар.

– Покрај вклученоста на администрацијата во одбележувањето на Светскиот ден за заштита на животната средина, денеска засадивме и нови 350 садници со висока и ниска вегетација во паркот на улицата „Методија Шаторов-Шарло“ во Стар Аеродром, со што ја надминавме бројката од 20.000 садници засадени на територијата на Општина Аеродром, изјави градоначалникот Златко Марин.

Од општината информираат дека целта на оваа масовна акција е подигнување на јавната свест за здрава животната средина.фф/лв/

Таг
Back to top button
Close
Close