Дописници МКДОпштински вести

Со 9,9 милиони долари од ФАО, Радовиш ќе го ревитализира целокупниот систем за наводнување

Општина Радовиш доби 9,9 милиони долари од ФАО-Организацијата за храна и земјоделство при ОН за ревитализирање на целокупниот систем за наводнување во Радовишко поле по најсовремени методи за користење на водата.

Радовиш, 26 август 2021 (МИА) – Општина Радовиш доби 9,9 милиони долари од ФАО-Организацијата за храна и земјоделство при ОН за ревитализирање на целокупниот систем за наводнување во Радовишко поле по најсовремени методи за користење на водата.

Според градоначалникот Герасим Конзулов, со овие средства ќе се изградат и сите полски патишта во вредност од 1,8 милиони долари, а Радовиш е единствен град во Европа кој добива вакви средства.

-Проектот треба да почне да се реализира во април 2022 година и да заврши до крајот на 2024 година, посочува Конзулов.

Информираше дека Општината добила и 800.000 евра грант од Европската Унија за изградба на дистрибутивен центар со енергетска ефикасност.

-Со овој проектот планирано е поставување на заеднички систем за затоплување со биомаса и обновливи извори на енергија за Детската градинка „Ацо Караманов“- објект „Цветови“, ООУ „Крсте Петков Мисирков“, Гимназијата „Коста Сусинов“, Општинската зграда, каде се сместени локалната самоуправа, подрачните одделенија на министерствата и полицијата, и спортската сала, која по 35 години од изградбата ќе добие затоплување, додаде градоначалникот Конзулов.

Според проектот, планирано е овие објекти централно да се затоплуваат од едно место, од котларницата во спортската сала. рт/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close