БизнисБизнис.Портал

Со 3,7 милиони долари македонско-американската компанија Upshift го шири тимот и го забрзува растот

Македонско-американската компанија Upshift доби инвестиција од 3,7 милиони долари од Recruit's HR Technology Investments. Он-дименд платформата за барање работни позиции – Upshift со инвестицијата, што е најголема во регионот, ќе го шири својот тим и ќе го забрзува растот. Инвестицијата ќе овозможи надградување и на продукт тимот во Скопје со нови вработувања и отворање нови пазари и вложување во маркетинг.

Скопје, 6 март 2020 (МИА) – Македонско-американската компанија Upshift доби инвестиција од 3,7 милиони долари од Recruit’s HR Technology Investments. Он-дименд платформата за барање работни позиции – Upshift  со инвестицијата, што е најголема во регионот, ќе го шири својот тим и ќе го забрзува растот. Инвестицијата ќе овозможи надградување и на продукт тимот во Скопје со нови вработувања и отворање нови пазари и вложување во маркетинг.

Платформата на Upshift, функционална на паметните телефони и преку веб,
поврзува луѓе кои бараат дополнителна работа или нови работни позиции во
угостителскиот сектор, особено во услужните дејности кои имаат недостиг на
работна сила, помагајќи да се задоволи високата побарувачка за краткотрајни
работни решенија.

HR Tech Investments – инвестициска гранка на интернет платформата Indeed ја
поведе вложувачката рунда во Upshift со учество од Rev1 Ventures од Колумбус,
Охајо и Data Point Capital од Бостон.

-Бараме фирми што не само што се подготвени да играат на големиот пазар и
се водени од одличен менаџмент, туку и компании кои активно со иновации ќе
го нарушат статусквото, вели Скот Савиц, главниот партнер на Data Point
Capital .

Според нив со агресивен троцифрен раст на приходите, илјадници прекрасни
личности кои ја користат платформата на месечно ниво, и енормен список на
клиенти за кои повеќето компании би направиле се да го добијат, гледаме
само светла иднина за Upshift “.

Луѓе од 15 метрополитенски области, вклучувајки ги Северна Каролина, Охајо,
Кентаки, Индијана, Пенсилванија, Тенеси и Тексас го гледаат Upshift како
поддршка за нивните секојдневни потреби, но и како подолгорочно решение.

Десетици илјади вработени го користат Upshift за да добијат шанса да работат во
повеќе од 1,000 компании кои се наоѓаат на Fortune 500 листата, вклучувајќи и
големи хотели, ресорти, итн. Меѓумногуброујните компании кои се партнери во угостителскиот и лесно индустрискиот сектор се хотелите Hayat, Intercontinental, компаниите како Таkay и Kroger.

За разлика од многу компании од оваа индустрија, Upshift директно ги вработува
оние кои работат на нивната платформата. -Ова, како што појаснуваат, значи дека луѓето кои
работат се обезбедени преку стандардните работодавачки односи, вклучувајќи
надоместок за работникот, осигурување и други заштити. Ова, исто така, значи
дека клиентите, работодавачите на Upshift немаат обврски, кон Апшифтерите,
коишто се пропишани со стандардниот модел на вработување 1099.

Upshift има ригорозни претпристапни начини на вработување кои вклучуваат
интервју лице в лице со работникот. Само 12 отсто од пријавените успешно го
завршуваат претпристапниот процес. Ова, комбинирано со интуитивната, лесна за користење технологија и строгите дисциплински практики на Upshift, доведува до тоа над 95 отто од Апшифтерите
лесно да се справат со работните задачи. Тоа е двојно повеќе од стандардот за
успех во индустријата.

– Воодушевен сум од партнерството со Recruit’s HR Technology Investments. ! Со
оваа инвестиција го надградуваме продукт тимот тука во Скопје “, вели
Никола Јордановски, соосновач и технички директор на Upshift.

Тој изразвува задоволство што толку многу Апшифтери видоа успех во користење на платофрмата, а особено што целиот производ е целосно изработен од македонскиот тим во
Скопје.

Upshift е водечка он-дименд платформа за работа во угостителскиот
сектор и останатите услужни дејности, помагајќи им на луѓето да засноваат
привремен или постојан работен однос. Со стапка на успешност од над 95 отсто,
Upshift е водач и исполнува двојно повеќе од стандардите на индустријата.скс/ллв/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close