Svet.SlajderСветСвет.Портал

Снежен хаос во Канада – наноси од снег повисоки од четири метри (видео)

Источниот дел на Канада е погоден од едно од најголемите снежни невремиња во историјата.

Ванкувер, 21 јануари 2020 (МИА) – Источниот дел на Канада е погоден од едно од најголемите снежни невремиња во историјата.

Ситуацијата дополнително се влоши со тоа што ветровите достигнаа брзина од 130 километри на час,и во комбинација со обилните врнежи од снег предизвика огромни  проблеми во сообраќајот.

Некои снежни наноси се повисоки од четири метри поради што единици на армијата помагаат во расчистување.

Локалните жители смислија име за ситуацијата – „сноумагедон“ – и така ги преплавија социјалните мрежи.

Покрај тоа, видливи се и снимки од луѓе кои буквално копаат надвор од своите домови. Метеоролозите неделава најавуваат нов снег. Затоа, вонредната состојба останува во сила. зш/

 

Back to top button
Close
Close