Дописници МКДОпштински вести

Снегот во Крушево донесе дополнителни посетители

Поради снегот, Крушево во изминатиов викенд беше исполнето со туристи и посетители од сите возрасти. Посетителите поминаа убави денови, а некои ќе го продолжат престојот на падините на скијачките терени, во угостителските објекти и во прошетките во околината.

Крушево, 13 јануари 2020 (МИА) – Поради снегот, Крушево во изминатиов викенд беше исполнето со туристи и посетители од сите возрасти. Посетителите поминаа убави денови, а некои ќе го продолжат престојот на падините на скијачките терени, во угостителските објекти и во прошетките во околината.

Локалните власти на Крушево се убедени дека ги подобруваат условите за престојот на гостите и им нудат повеќе содржини за рекреација. Сметаат дека во новогодишните, божикните празници и со деновите на училишниот распуст, го привлекуваат вниманието на посетителите. Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски, очекувањата се за успешна не само зимска, туку и рекреативна сезона во текот на целата година.

– Особено охрабрува што лани имавме зголемен број на посетители и туристи за повеќе од 13 проценти во споредба со претходната година. Тоа е охрабрување да очекуваме успешна туристичка 2020 година, вели Христоски. ем/ир

Таг
Back to top button
Close
Close