0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Снегот не е закана за земјоделството, можни штети кај коскестите овошки ако температурата падне под нула

Врнежите снег што денеска ја зафатија земјава не претставуваат закана за земјоделството зашто температурите сé уште се над нулата. Но, од петок, кога се очекуваат и до минус шест степени во утринските часови и во текот на ноќта, можни се штети кај коскестото овошје, посебно кај бадемот, кајсијата и раните сорти праска и слива.

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Врнежите снег што денеска ја зафатија земјава не претставуваат закана за земјоделството зашто температурите сé уште се над нулата. Но, од петок, кога се очекуваат и до минус шест степени во утринските часови и во текот на ноќта, можни се штети кај коскестото овошје, посебно кај бадемот, кајсијата и раните сорти праска и слива.

Како што вели за МИА агрометеорологот Ангелко Ангелески, во сите региони, освен во Беровско каде вегетацијата на овие овошки е задоцнета, ризикот е проретчување на плодот, па дури и целосно уништување.

-Ова особено се однесува на Повардарието каде температурите ќе бидат под минус два степена, а секое спуштање под нулата е ризик. За утре очекувавме пониски температури, но снег уште врне што значи дека нема да има услови за разведрување и појава на мраз. Температурата ќе биде околу нула или максимум ќе падне до минус еден степен, нагласува Ангелески.

Според него, снежна покривка е секаде формирана, но со различна дебелина и се задржува само на тревните површини. На овошките и виновата лоза снегот се топи, не се задржува, а на житата никако не им штети.

-Генерално, ситуацијата не е за одбележување зашто врнежи снег во овој период од годината не се невообичаени иако можеби не се случуваат често. Друг пат сме имале снег дури и покасно, на 17 април. Интересно е што цела зима не паѓаше, туку сега врне, вели агрометеорологот Ангелко Ангелски. мч/са/

 

Back to top button
Close
Close