0_Македонија.ПорталОпштество

Снег врне во Ресен и на Стража

Снег со слаб интензитет врне во Ресен и на планинскиот премин Стража.

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Снег со слаб интензитет врне во Ресен и на планинскиот премин Стража.

Сообраќајот на државните патишта, како што информираат од  ЈП Македонијапат, се одвива тековно по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. дма/са/

 

Back to top button
Close
Close