0_Спорт.ПорталФудбал

Смолинг е повреден и може да го пропушти почетокот на сезоната во италијанското првенство

Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг ќе го пропушти почетокот на сезоната. Триесет и едногодишниот фудбалер се здоби со повреда на бутниот мускул за време на тренингот, пренесува „Ил Темпо“.

Рим, 17 август 2021 (МИА) – Дефанзивецот на Рома, Крис Смолинг ќе го пропушти почетокот на сезоната. Триесет и едногодишниот фудбалер се здоби со повреда на бутниот мускул за време на тренингот, пренесува „Ил Темпо“.

Очигледно, фудбалерот нема да игра барем на два од првите натпревари на Рома.

Рома ќе го одигра првиот натпревар во новата сезона в четврток, 19 август. Екипата предводена од Жозе Мурињо ќе игра против турскиот Трабзонспор во првиот натпревар од плејофот на Конференциската лига на УЕФА.

Во првото коло од Серија А, следниот викенд, римјаните ќе ја пречекаат Фиорентина. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close