Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

СМО побара од Русија потврда за рекордната температура во Сибир

Светската метеоролошка организација (СМО) побара од руските власти да ја потврдат веста за загрижувачката рекордна температура од 38 степени Целзиусови што била регистрирана во Сибир,  а која, сепак, е во согласност со глобалните трендови на загревање во тој дел од светот.

Женева, 23 јуни 2020 (МИА) – Светската метеоролошка организација (СМО) побара од руските власти да ја потврдат веста за загрижувачката рекордна температура од 38 степени Целзиусови што била регистрирана во Сибир,  а која, сепак, е во согласност со глобалните трендови на загревање во тој дел од светот.

Температурата беше забележана на 21 јуни во Верхојанск, град што се наоѓа во рамките на рускиот Арктички круг, пренесуваат британските медиуми, потсетувајќи дека Северниот пол се затоплува двојно побрзо од глобалниот просек и дека пролетта во Сибир годинава беше невообичаено топла.

СМО, чие седиште е во Женева, одговорот од руските власти го очекува во рок од неколку дена, а потоа и самат ќе почне со проверки за да утврди дали температурата во Сибир е највисока досега регистрирана во тој дел од планетата Земја. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close