БалканБалкан.ПорталСвет.Слајдер

Смена во врвот на хрватската армија

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за првпат учествуваше на церемонија за смена на началникот на Генералниот штаб на хрватската армија, јави дописникот на МИА.

Загреб, 3 март 2020 (МИА) – Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за првпат учествуваше на церемонија за смена на началникот на Генералниот штаб на хрватската армија, јави дописникот на МИА.

Функцијата началник на Генералштабот ја презема вицеадмирал Роберт Храњ.

Досегашниот началник Мирко Шундов, на колегите им се заблагодари за соработката, а ја спомена и поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ која му давала голема поддршка.

Претседателот Милановиќ, пак, во говорот на церемонијата се заблагодари на сите оние кои го дале својот живот за независна Хрватска, а посебно го истакна генералот Анте Готовина. ав/сд/

Back to top button
Close
Close