Дописници МКДОпштински вестиРакомет

Службена победа на ракометарите на Еурофарм Пелистер против Рајн-Некар Левен

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го регистрира со службен резултат натпреварот од деветтото коло на групата Д на Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен.

Битола, 26 февруари 2021 (МИА) – Европската ракометна федерација (ЕХФ) го регистрира со службен резултат натпреварот од деветтото коло на групата Д на Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Рајн Некар Левен.

Недоаѓањето на германската екипа во Битола значи службена победа на македонскиот претставник со 10:0.

Со овие два бода, ракометниот клуб на Еурофарм Пелистер, во пресрет на последното десетто коло и натпреварот во Швајцарија против Кадетен Шафхаузен, на табелата сега има 11 бодови и реална можност за учество во следна фаза од европската ракометна лига ЕХФ. мт/мч/

Back to top button
Close
Close