Дописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Случај Рено: Француската влада ќе биде „бескомпромисна“ за „зачувувањето“ на фабриките во земјата

Францускиот премиер Едуард Филип денеска изјави дека владата ќе биде „бескомпромисна“ за „зачувувањето“ на фабриките на Рено во Франција, доколку производителот на автомобили ја потврди желбата да затвори четири локации во земјата, како што тврди денешното издание на неделникот „Канар аншене“, јави дописникот на МИА.

Париз, 20 мај 2020 (МИА) – Францускиот премиер Едуард Филип денеска изјави дека владата ќе биде „бескомпромисна“ за „зачувувањето“ на фабриките на Рено во Франција, доколку производителот на автомобили ја потврди желбата да затвори четири локации во земјата, како што тврди денешното издание на неделникот „Канар аншене“, јави дописникот на МИА.

-Постои форма на одговорност на претпријатието да напредува, да се трансформира, но исто така да се земе предвид реалноста на земјата што го прифаќа и на некој начин го прави да живее“, предупреди премиерот, нагласувајќи дека ако „Рено е глобална компанија“, „неговиот бренд е очигледно француски “.тг/ссм/

Back to top button
Close
Close