Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Словенија ќе вложи четири милиони евра за усовршување на образованието на далечина

Словенија ќе вложи четири милиони евра во подобрувањето и усовршувањето на образованието на далечина односно неговата дигитализација, јави дописникот на МИА од Љубљана

Љубљана, 10 јуни 2020 (МИА) – Словенија ќе вложи четири милиони евра во подобрувањето и усовршувањето на образованието на далечина односно неговата дигитализација, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Како што соопшти словенечкото Министерството за образование, парите ќе бидат потрошен пред се за подобрување на информатичката инфраструктура и набавка на 4.220 компјутери за сите оние кои немаат или не се во финансиска можност да купат.

Поради епидемијата со новиот коронавирусот во земјата беа затворени сите училишта и факултети, а образовниот процес продолжи преку интернет видео врска меѓу учениците и наставниците односно студентите и професорите.

Средства за реализација на овие проекти Словенија го доби од Европска Унија. ав/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close