БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Словенија ќе купи оклопни возила во вредност од речиси 400 милиони евра

Станува збор за поголем инвестициски циклус вреден 780 милиони евра, а средстава треба да се потрошат во период од неколку години, односно од 2021 до 2026 година.

 

Љубљана, 23 јуни 2020 (МИА) – Словенија наредните години ќе потроши речиси 400 милиони евра за набавка за нови оклопни возила како дел од процесот за модернизација на армијата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Станува збор за поголем инвестициски циклус вреден 780 милиони евра, а средстава треба да се потрошат во период од неколку години, односно од 2021 до 2026 година.

Според плановите на Министерството за одбрана, покрај оклопните возила планирано е во овој период да се набават и два воени хеликоптери и еден транспортен авион. Дополнително предвидено е да се потрошат 65 милиони евра за логистика и медицинска опрема, 65 милиони за ракетни системи и 40 милиони за информатички системи потребни за армијата.

Словенечката Влада за реализација на инвестицијата веќе подготви и посебен Закон кој веќе влезе во собраниска процедура. ав/

Back to top button
Close
Close