БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Словенија доби нова Влада: Јанез Јанша е идниот премиер

Словенечкото Собрание ја изгласа новата словенечка Влада предводена од Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 13 март 2020 (МИА) – Словенечкото Собрание ја изгласа новата словенечка Влада предводена од Јанез Јанша, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Владата доби поддршка од 52 пратеника, а против гласаа 31.

Премиерот Јанша изјави дека веднаш по собраниската седница ќе се одржи и итна владина седница со единствена точка на дневен ред – справување со епидемијата на коронавирус.

Јанша по тре пат ќе ја извршува функцијата премиер, а мандатот овој пат ќе му трае само две и пол години, за кога се закажани редовните парламентарни избори. ав/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close