БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Словенија чека искуства од другите земји за да одлучи кога ќе ги отвори училиштата

Словенечката Влада одлучи да не брза со повторно отворање на училиштата и градинките, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Љубљана, 28 април 2020 (МИА) – Словенечката Влада одлучи да не брза со повторно отворање на училиштата и градинките, јави дописникот на МИА од Љубљана.

И покрај тоа што во земјата веќе полека се стартува економијата и се отвораат разни продавници, одлуката за отворање на образовните установи ќе биде донесена откако ќе се видат резултатите и од другите држави, кои веќе најавија враќање на учениците во училиштата.

– Засега не знаеме кога повторно ќе ги отвориме училиштата и градинките. Владата е на став дека е потребно прво да ги видиме искуствата од другите земји кои набрзо ќе го вратат образовниот процес во нормала, изјави владиниот портпарол Јелко Кацин.

Во меѓувреме во Словенија се спроведува големо тестирање на населението во сите 300 општини, а резултатите треба да покажат колку навистина е раширен коронавирусот меѓу граѓаните. Резултатите од ова истражување ќе бидат земени предвид при носењето на одлуката за отворање на училиштата и градинките. ав/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close