БалканБалкан.Портал

Словенија целосно ја отвори границата за хрватските државјани

Хрватите можат без посебни процедури слободно да влегуваат во Словенија и за тоа да ги користат сите гранични премини кои повторно се отворени, јави дописникот на МИА до Љубљана

Љубљана, 19 мај 2020 (МИА) – Хрватите можат без посебни процедури слободно да влегуваат во Словенија и за тоа да ги користат сите гранични премини кои повторно се отворени, јави дописникот на МИА до Љубљана.

Ваквата одлука ја донесе Владата по препорака на Националниот институт за јавно здравје која утврди дека Словенија и Хрватска имаат слична епидемиолошка слика и дека двете држави успешно се справуваат со епидемијата на новиот коронавирус.

Од минатата недела Хрватска дозволи и словенечките граѓани да можат да влегуваат во земјата, а први тоа го направија оние кои имаат имот во соседната земја. ав/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close