БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Словенечкото Собрание расправа за воведување шестмесечен воен рок

Словенечкото собрание расправа по предлог законот подготвен од партијата на мандатарот Јанез Јанша, за постепено воведување воен рок во земјата, јави дописникот на МИА.

Љубљана, 4 март 2020 (МИА) – Словенечкото собрание расправа по предлог законот подготвен од партијата на мандатарот Јанез Јанша, за постепено воведување воен рок во земјата, јави дописникот на МИА.

Законот предвидува служењето војска да стартува веќе од септември, а овој закон е дел и од коалицискиот договор за формирање на новата словенечка Влада.

Сепак, новите коалициони парти на СДС, СМЦ (Партија на модерниот центар) и партијата на пензионерите ДеСус, се изјаснија дека сега не се подготвени да го поддржат овој закон.

Од СДС веќе кажаа дека ќе предложат воениот рок да биде обврска за секој маж кој ќе наполни 18 години. За оние пак кои по средно образование ќе решат да се запишат на факултет, воениот рок ќе почне по завршувањето на студиите и ќе трае исто така една година, односно од септември до септември.

Причина за потребата од задолжителен воен рок според СДС е да се зголеми и обучи воената резерва на државата. ав/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close