БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Словенечката Влада смета дека голем дел од медиумите во земјата потекнуваат од „комунистичкиот режим”

Словенечката Влада предводена од Јанез Јанша, како одговор на критиките за притисок врз новинарите и медиумите испрати писмо до Советот на Европа во кое пишува дека „поголемиот дел од медиумите во земјата потекнуваат од комунистичкиот режим“.

Љубљана, 9 април 2020 (МИА) – Словенечката Влада предводена од Јанез Јанша, како одговор на критиките за притисок врз новинарите и медиумите испрати писмо до Советот на Европа во кое пишува дека „поголемиот дел од медиумите во земјата потекнуваат од комунистичкиот режим“.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, според писмото кое е испратено во вторникот, а денес го објавуваат локалните медиуми, Владата е задоволна што конечно Словенија станала предмет на меѓународен интерес, кога се работи за слободата на медиумите.

„Голем ден од медиумите во Словенија потекнуваат од некогашниот комунистички режим. До доцните 90 години, членови на поранешната тајна служба УДБА работеа во медиумите, а до 2004 години државната Телевизија Словенија беше под водство на комунистички структури” – се наведува во писмото од Владата.

Од таму пишуваат дека „во моменти кога другите медиуми се борат да преживеат и отпуштаат новинари, само во последните десет години во Телевизија Словенија се вработени 400 луѓе.”

Во писмото се потенцира дека од 2004-2008 година, под водство на првата Влада на Јанша конечно дел од телевизијата се ослободила од комунистичките структури.

Во одговорот до Советот на Европа, Влада пишува дека не се ретки примерите која некои новинари, кои биле познати како „борци против партиите кои не потекнуваат од комунистичкиот режим” да биле наградени поради тоа, а како примери се наведуваат евро-пратеничката Ирена Јовева, но и Тања Фајон.

Писмото е одговор на мартовската објава на Платформата на Советот на Европа за промоција на заштитата на новинарите. Тие реагираа на ставовите на премиерот Јанез Јанша објавени на социјалните мрежи,

каде тој напиша дека државната Телевизија Словенија лаже и додаде дека таму има премногу вработени и премногу добро платени луѓе.

Од Телевизија Словенија уште тогаш реагираа на пишувањата на Јанша, кои ги оценија како закана и мешање во нивната работа. ав

Back to top button
Close
Close