Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Словенечката Влада најавува построги мерки за заштита од Ковид-19

Словенечката Влада, реагирајќи на зголемувањето на случаите со Ковид-19,  најави дека од овој викенд маските ќе бидат задолжителни на јавни отворени места и дека децата од седмо одделение па нагоре ќе мора да ги носат во училници.

Љубљана, 17 септември 2020 (МИА) – Словенечката Влада, реагирајќи на зголемувањето на случаите со Ковид-19,  најави дека од овој викенд маските ќе бидат задолжителни на јавни отворени места и дека децата од седмо одделение па нагоре ќе мора да ги носат во училници.

Покрај тоа, мерењето на температурата ќе биде задолжително на работното место, а работното време на баровите ќе биде ограничено, објави агенцијата СТА.

Бројот на новозаразени со коронавирус во изминатите 24 часа во Словенија е зголемен за 104, на вкупно 4.058, според последните владини податоци.

Ова е мало намалување во споредба со вчерашниот ден, кога бројот на новоинфицирани беше 123. Едно лице починало од коронавирус претходниот ден, така што вкупниот број смртни случаи изснесува 136. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close